АВМУ го осуди нападот на новинарот во Арачиново

70

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди нападoт врз новинарот и снимателот на ТВ21 во Арачиново, пред и во зградата на општината.

– Медиумите работат во интерес на граѓаните и се важен столб на демократијата, поради што секое мешање во нивната работа претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање – се наведува во реакцијата на АВМУ.

Медиумските работници, додава Агенцијата, мора да бидат ослободени од сите видови притисоци и закани за да можат непречено да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.

– Зачувувањето на достоинството на новинарската професија и безбедноста на медиумските работници се особено важни и од тие причини апсолутно неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите – додава АВМУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...