Авировиќ стана специјален пратеник на претседателот во организацијата на франкофонијатата

377

Претседателот Стево Пендаровски потпиша указ за поставување на Пајо Авировиќ на должноста специјален пратеник на претседателот при Постојаниот совет на Меѓународната организација на франкофонијата.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на државата, амбасадорот Авировиќ е актуелен директор на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави во Министерството за надворешни работи, каде работи повеќе од две децении. Во текот на својата професионална кариера бил амбасадор во Израел (2009-2011 и 2014-2018) и шеф на постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации во Њујорк (2011-2014).

Дипломирал Ориентална филологија – турски јазик и книжевност и арапски јазик и книжевност на Универзитетот во Сараево, магистрирал Ориентална филологија на Универзитетот во Белград, а се образувал и на Националната школа за администрација во Париз – ЕНА.

Покрај мајчиниот македонски јазик, како и српскиот јазик, Авировиќ зборува и англиски, француски, германски, турски, хебрејски и арапски јазик, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...