Нема никакви промени во политичкото дејствување на Социјалистичката партија, а на интерпелацијата за доверба на Владата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ не сме потпишани бидејќи бевме спречени, а не дека ја поддржуваме Владата на Зоран Заев.
Ова за Плусинфо го изјави пратеничката Владанка Авировиќ.
Отсуството на потписите на интерпелацијата на тројцата пратеници социјалисти, повторно ги подгреа шпекулациите дека СП ќе му го сврти грбот на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе гласа за подршка на Владата на Заев. Но, ова Авировиќ го демантира.
-На боледување сум од минатата недела. Имав интервенција на коленото и утре повторно треба да ми биде извршена интервенција. Нема никаква промена на политичките позиции на СП, не рзаговараме за влез во Влада, ниту за поддршка на Заев. Колегата Стојан Миланов имаше некое рочиште во Штип и колегата Љупчо Димовски е зафатен со две судски рочишта. Се надевам дека утре ќе се видам со колегата Миланов за да се координираме за собраниската седница за недоверба на Владата, бидејќи јас од здрвствени причине не ќе моѓам да одам на пленарка – ни изјави Авировиќ.
Интерпелацијата за Владата е потпишана од 41 пратеник, но сомнеж за тоа како ќе гласаат се појави бидејќи на неа ги нема потписите на пратениците на СП, како и на Иван Стоиљковиќ од Демикратската партија на Србите.