Авион што летал од Даблин за Задар принудно слета во Франкфурт

Во авионот имало 189 патници, од кои 33 се болнички згрижени, а некои се откажале од натамошното патување.

2576

Триесет и три патници се примени во болница, некои со крвавање од ушите, откако авион на „Рајанер“, кој летал на релацијата Даблин-Задар, нагло загубил притисок во кабината, при што морал принудно да слета во Франкфурт, соопшти локалната полиција.

Aвионот слетал нормално, при што мал број патници примиле медицинска помош од претпазливост.

Во авионот имало 189 патници, од кои 33 се болнички згрижени, а некои се откажале од натамошното патување.

Патниците раскажуваат дека во текот на летот одеднаш испаднале сите маски за кислород, по што добиле наредба да ги искористат. Авионот бил цели 15 минути во темница. Никој не знаел што се случува, а подоцна биле известени дека слетуваат принудно во Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...