Мал авион од типот „цесна П210Н“ кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената „цесна“, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.
– Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија – рече Тасески.
Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.
Телма јави дека во малиот авион имало четворица патници, сите бугарски државјани.