Приватен авион кој летал од Остин, Тексас се урна на крајот од пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа и притоа се повредени девет лица, соопшти противпожарната служба.
Авионот имал проблеми при слетувањето на аеродромот кој важи за еден од најтешките за маневрирање бидејќи се наоѓа на врв на планина.
Меѓу повредените патници кои имале среќа дасе спасат биле Претседателот на Управниот одбор на заложната компанија EZCorp. од Остин и тројца вработени.
Локалните медиуми информираат дека авионот бил преполовен на средината на трупот.
Passengers have miraculously escaped from a plane which crashed off the end of a runway in Honduras. #9News pic.twitter.com/DqAsGqwbzR
— Nine News Adelaide (@9NewsAdel) May 23, 2018
#BREAKING: Plane that left Austin this morning crashed in Honduras this afternoon. @Ricardo_Pineda1 shot video of the aftermath.
MORE: https://t.co/5K4PKzsUmZ pic.twitter.com/k8mx7iyoV6— KXAN News (@KXAN_News) May 22, 2018