Четири лица загинаа кога авион се урна во близина на аеродромот во Дубаи.
Според информациите, загинале три државјани на Велика Британија и еден државјанин на Јужна Африка.
Малиот авион удрил три милји јужно од пистата. Авионот е во сопственост на американскиот технолошки гигант Ханивел, а се срушил заради технички дефект.
Дошло до целосна хаварија и застој на еден од најпрометните аеродроми во светот.
Набрзо потоа ситуацијата се нормализирала.
Истрагата е во тек.