Авион во Иран се лизна од пистата и излета на улица

Патниците излегле од авионот на предната врата и на излезот предвиден за случај на опасност.

166

Ирански патнички авион се лизна од пистата и излета на улица во јужниот град Махшар. Во инцидентот нема повредени.

Патниците излегле од авионот на предната врата и на излезот предвиден за случај на опасност.

Директорот на аеродромот изјави дека сите патници безбедно го напуштиле авионот.

Иранската државна телевизија јави дека инцидентот се случил за време на грубо слетување на авионот околу 9.30 часот по локално време.

Ова е трет инцидент во последните неколку дена со авиони во Иран, по несреќата кога на 8 јануари беше соборен украински авион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...