Авионот во кој биле принцот Вилијам и Кејт влетал во бура и двапати неможел да слета во Исламабад

1345

Авионот на британските Кралски воздухопловни сили, во кој биле принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, морал двапати денеска да го одложи слетувањето во Исламабад и се вратил во Лахоре, откако влетал во бурата.

Принцот Вилијам, кој порано бил пилот на хеликоптер за спасување, на новинарите им рекол дека и тој и Кејт се добро и дека тие проблеми настанале бидејќи тој управувал со авионот, пренесува Ројтерс.

Вилијам и Кејт, кои се на 4-дневна турнеја низ Пакистан, се обиделе прво да слетаат во Равалпинди, па на аеродромот во Истанбул, но потоа решиле да се вратат во Лахоре.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...