Авиони, хеликоптер, 17 пожарникари и осум возила гасат пожар на Закинтос

98

Со 17 пожарникари, осум возила, три авиони и еден хеликоптер, грчката противпожарна служба се обидува да го стави под контрола пожарот што избувна претпладнево во областа Лагадакиа, во централниот дел на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина.

Командирот на Противпожарната служба на Јонските острови, Андреас Ризос, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека се прават натчовечки напори за пожарот да се стави под контрола.

Паралелно, грчките пожарникари на уште две локации во Грција се борат со огнените јазици.

Едниот пожар е во шумски дел во областа Домокос во централна Грција, каде што се ангажирани 33 пожарникари со 11 возила, две пешадиски единци со 13 пожарникари и два авиони. Другиот е во јужниот дел на Пелопонез, во областа Лакониа каде што 25 пожарникари со девет возила, една пешадиски единци со шест пожарникари и четири авиони.

Ниту еден од трите активни пожари во Грција, сѐ уште не е ставен под контрола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...