Шведскиот квартет неодамна најави дека планира да сними нови песни првпат по 35 години, а се чини дека фановите нема долго да чекаат на албумот иако сè уште нема потврден датум на објавување.
Познатите хитмејкери од Шведска – славната поп група „АББА“, на голема радост на обожавателите, се враќа да ја покори музичката сцена!
„The Visitors“, последниот албум на обожаваниот квартет, објавен е уште во далечната 1981 година. Сепак, на воодушевување на многу обожаватели, Бени Андерсон (73) откри дека тој, Агнета, Ани-Фрид и Бјорн се вратиле во студиото по речиси четири децении пауза и дека се подготвени да претстават сосема нови песни.
Андерсон во разговорот објавен на ABBA Talk најавил нов материјал некаде по завршување на летото.
– Песните ќе излезат оваа година, претпоставувам по летото. Можам само да шпекулирам, бидејќи не сум сосема сигурен. Не треба да даваме лажни ветувања, но ако се прашувам јас, тоа би требало да се случи во септември. Но, ова не е само моја одлука, иако целта ни е да излезат наесен – рекол Андерсон.
Најавени се две нови песни кои ќе ги носат називите „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“. Како што открил Бјорн во 2018 година, едната песна ќе биде поп, додека другата ќе биде наменета за танцување.
Групата „АББА“ е формирана во 1972 година во Стокхолм, а две години подоцна победија на Евровизија со песната „Waterloo“, една од најпопуларните песни од овој музичко-телевизиски спектакл што трае веќе со децении.
😲 New #ABBA songs in September 2020? 😍 “That’s what we’re aiming for,” says Benny 🤞🏻 pic.twitter.com/LmFTBoYVJi
— ABBAtalk (@abbatalk) February 1, 2020