Екипата на МЗТ Скопје вечерва го совлада тимот на Сплит со 104-87 во последниот натпревар од 6 коло на АБА 2 лигата.
За „металците“ ова беше четврта победа сезонава, сите на домашен терен.
Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ беа најефикасни кај тимот од Аеродром со по 18 поени, додека Лестер Медфорд имаше „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 10 асистенции.
Со денешната победа тимот на Ѓорѓи Кочов има биланс од 4-2 и е на третото место на табелата.
Во наредното коло МЗТ игра на гости кај последниот Вршац на 7 ноември.
Фото: МЗТ Скопје