АБА-2: МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Борац Чачак

64

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва доживеаја пораз како гости кај Борац Чачак со 79-74 (40-42) во меч од 13. коло од АБА2-лигата. Воедно ова беше последниот натпревар во 2018 година за тимот од Аеродром.

Иако македонскиот тим замина со два поени предност, сепак после паузата домаќините заиграа многу подобро, решавачка беше третата четвртина, во која доживеаја пад во играта и скоро три минути не постигна кош. Тоа го искористија кошаркарите на Чачак и поведоа во резултатот. Во последниот дел домашниот тим стигна и до најголема предност (75-66) која до крајот немаше проблеми да ја задржи.

За „металците“ прв стрелец беше Иванов со 25 поени, а Бојиќ мечот го заврши со 22 поени. За Борац најефикасен беше Радован Ѓоковиќ со 21 поен.

Тимот од „Јане Сандански“ останува на второто место на табелата со скор од 9-4, а следниот меч ќе го одигра на 3 јануари на домашен терен против Приморска

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...