Абас: Америка со овој потег го навреди целиот свет

302

Со преместувањето на амбасадата, американската администрација заврши со улогата во мировниот процес и ги навреди светот, палестинскиот народ, арапската и исламската нација, и создаде нестабилност – изјави портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас за отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим, пренесува „Ројтерс“.

Абас, смета дека отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим ќе создаде нестабилност во регионот. Тој ја отфрли можноста Вашингтон да служи како посредник за мир на Блискиот Исток.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку порака емитувана на церемонијата на отворањето на американската Амбасада во Ерусалим изјави дека и понатаму останува посветен на мирот помеѓу Израел и Палестина.

Одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел и да ја префрли Амбасадата од Тел Авив, ги вознемири Палестинците и предизвика меѓународна загриженост. Церемонијата се одржува во момент кога Палестинците масовно протестираат на границата со Израел, пришто беа убиени најмалку 38 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...