Најголем пропуст за настанот од 27 април во Собранието е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо преземено, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
– Уште при поднесувањето на обвинението истакнав дека со тоа предметот не е затворен и дека преземаме дејствија за целосно разјаснување на кривично правниот настан и кривична одговорност на сторителите. Во овој момент Обвинителството располага со докази за проширување на истрагата за организатори на настанот од 27 април. Наскоро, Обвинителството ќе покрене истрага и за нив. Голем проблем и одолговлекување на постапката направи непрофесионалното постапување од Обвинителството веднаш по настанот. Најголем пропуст е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо преземено – нагласува Јовески.
Во врска со непостапувањето на тројцата обвинители, Гешковска, Биковски и Цветановски, како што вели, за нивната непрофесионалност поведена е дисциплинска постапка.
– Комисијата одржа неколку седница, ги сослуша обвинителите и сведоците, меѓу нив и поранешниот јавен обвинител на Република Македонија. Очекувам наскоро да донесат одлука за дисциплинскиот предмет и нивната одговорност- истакнува Јовески во интервјуто за МИА кое ќе биде објавено денеска.
Фото: EPA/MAJA ZLATEVSKA