Јовески за амнестијата: Ако зависеше од мене и Русковска, тоа немаше да се случи

693

Во врска со амнестијата за учесниците во настаните на 27 април во Собранието, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека тоа е политички чин и не го коментира.

– Доколку ова зависеше од мене и од обвинителот кој постапува по предметот, Вилма Русковска, тоа немаше да се случи. Меѓутоа ова е мој професионален став, а Собранието при донесувањето на Законот ценело други околности кои мене не ми се познати. Обвинителството професионално ќе постапува до завршување на предметот. Но морам да укажам дека постапката за амнестија придонесе и за разјаснување на некои делови од настанот. Изјавите во судницата, на изненадување на многумина, укажаа на моменти од подготовка на случувањата на 27 април. Го разбирам разочарувањето на граѓаните и реакциите, но повторувам тоа е политичка одлука. Обвинителството е должно да го примени законот – истакнува Јовески во интервјуто кое целосно ќе биде објавено утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...