Јаулески: Во МНР има место за партиски шерифи, а нема за врвни експерти ВИДЕО

645

Во јавната администрација, се вработуваат децата на пратениците, министрите, партиските шерифи, но не и децата на граѓаните кои не се дел од елитата на  власта, реагира Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Младите разочарани во се поголеми бројки си заминуваат од државата. Наместо враќање на иселените, тие го зголемија иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат подобро – порача Јаулески од пред Министерството за надворешни работи

– Во оваа зграда е сместен министерот Никола Димитров, министерство и политичар кои се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани, во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони – истакна  Јаулески.

Тој додаде дека, „за Никола Димитров компетентни се лица со завршен факултет, а магистри и доктори на науки не се“.

– Тие очигледно се преквалификувани. Па за нив нема место во државна служба. Владата на Зоран Заев и додели стипендија на ќерката на Никола Димитров за да студира во странство. Ќерката на хрватската претседателка може да студира на сопствен трошок, но ќерката на Димитров мора на наш. Министерството со кое министерува нејзиниот татко одби двајца млади високообразовани кадри, кои сами магистрирале и докторирале во развиените земји -рече Јаулески.

Примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата е се поголем, додаде Јаулески, а последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади:

– Во Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите. Зоран Заев и додели 40.000 евра на Јана Димитрова, ќерка на Никола Димитров, а не може да одвои ниту една просечна плата за млади и образовани кадри, кои своето образование го стекнале во странство, а се вратиле во Македонија и сакаат да ги стават своите капацитети во служба на државата. Ова ли е достапноста на секое работно место за секој – НЕ! Ова е партизираност од невидени размери. Во јавните институции нема место за образовани и способни млади луѓе, тие ја напуштаат државата и не се враќаат – додаде Јаулески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...