Во влезот под скалите на зградата во ТЦ Скопјанка во Аеродром, каде вечерва беа евакуирани станарите, откако пријавиле дека во објектот се шири силна и непријатна миризба која предизвикува гушење се пронајдени десетици шишиња со урина од бездомникот кој живеел подолго време тука.
Претходно објавивме, дека во еден од становите имало депонија од валкани пелени кои ја предизвикале смрдеата.
Макфакс вечерва објави фотографии и како градоначаникот Петре Шилегов им покажува снимки на станарите за да ги увери дека непријатната миризба доаѓа од купишта употребени и расфрлени пелени во стан од зградата.