Чудотворно млеко за долговечност: Лекува многу здравствени проблеми, а еве кој не смее да го консумира

Иако консумирањето на кефирот носи мноштво здравствени придобивки, можни се и некои нуспојави.

990

Кефирот е ферментиран напиток кој потсетува на јогурт, а богат е со хранливи материи и пробиотици.

Според одредени наводи, овој напиток е стар повеќе од 1000 години, а потекнува од Кавказ. Наводно локалното население на Кавказ, познато по долговечноста и доброто здравје, случајно го открило додека носеле свежо млеко во своите кожени ќеси.

Кефирот се произведува со ферментација на „кефирните“ зрна, кои потсетуваат на минијатурен карфиол. Тие зрна се состојат од казеински и желатинозни колонии на микроорганизми кои симбиотски се одгледуваат. Доминантни бактерии се Saccharomyces kefir, Torula kefir, Lactobacillus caucasicus, Leuconostoc и млечната стрептокока која се користи во прехранбената индустрија, а е присутна и во квасецот. Понекогаш културата на кефирот се нарекува и тибетантски или кефирни габички, но кефирот не е габичка, туку природен стартер, односно зрна.

Здравствени придобивки од кефирот

Една од причините зошто кефирот во последните неколку години станува сè попопуларен се неговите бројни здравствени придобивки. Тој содржи многу хранливи состојки, протеини, витамин Б, калиум и калциум.

Калциумот ги зајакнува коските, протеините градат цврсти мускули, а калиумот е важен за здравјето на срцето, пренесува „Medical News Today“.

Меѓутоа, пробиотиците се најголемата здравствена корист која ја дава кефирот. Според клиниката „Мејо“, пробиотиците помагаат при следните здравствени потешкотии:

– ги подобруваат здравите бактерии на гастроинтестиналниот тракт

– помагаат при дигестивни проблеми особено по користење на антибиотици

– го лекуваат синдромот на иритабилни црева и ги ублажуваат неговите симптоми

– ги намалуваат и спречуваат гастроинтестиналните инфекции

– помагаат во лекувањето на вагиналните инфекции

– спречуваат и помагаат во лекување на инфекции на уринарниот тракт

Здравствените придобивки на кефирот се прошируваат и надвор од рамките на пробиотиците. Едно истражување покажало дека кефирот го намалува холестеролот и го подобрува имунитетот.

Нуспојави од кефирот и кој не треба да го консумира

Иако консумирањето на кефирот носи мноштво здравствени придобивки, можни се и некои нуспојави како констипација и грчеви во стомакот кои луѓето најчесто ги чувствуваат по првото консумирање.

Кефирот се смета за безбеден за деца на возраст од една до пет години, но секако тоа треба да се провери со педијатарот или лекарот по општа медицина. Децата кои се помлади од една година не смеат да консумираат млечни производи од кравјо млеко, но затоа смеат да консумираат мајчино млеко кое содржи природни пробиотици.

Исто така луѓето со автоимуни болести треба да се консултираат со својот лекар пред пиењето на кефир. Иако бактериите во кефирот се корисни за лицата со силен имунитет, тие можат да ги зголемат инфекциите или да ја влошат состојбата кај оние чиј имунолошки систем е надвор од рамнотежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...