Вчерашниот ден беше еден од најлошите за американските берзи уште од финансиската криза во 2008 година.
Според информациите, петте највредни технолошки компании изгубиле 321,6 милијарди долари од вредноста, а речиси една третина од оваа сума се отпишува на „Apple“.
Акциите на производителот на „iPhone“ паднаа за 7,9 проценти. „Microsoft“, „Facebook“ и „Alpfabet“ изгубија повеќе од шест проценти, a „Amazon“ 5,3 проценти.
Падот на пазарот е поттикнат од ширењето на коронавирусот и падот на цената на нафтата.
Саудиска Арабија во текот на викедот ги намали официјалните продажни цени на суровата нафта за април, откако ден претходно пропаднаа преговорите на ОПЕК и Русија.
Кога станува збор за големите технолошки компании, инвеститорите се загрижени за падот на економската активност и потрошувачката предизвикана од коронавирусот.
Индустрискиот индекс „Dow Jones“ потона повеќе од 2.000 поени во понеделникот, што е најлош ден од 2008 година.
„S&P 500“ падна за 7,6 проценти, што е најголем пад од 1 декември 2008 година.