Црвенковски: Направивме тежок компромис за името, но дoбивме горчлив шок од ЕУ

Се испостави дека ЕУ не држи до својот збор и не ги исполнува своите ветувања, рече Црвенковски.

3780

Поранешниот претседател на Бранко Црвенковски кој учествува на „Копаоник бизнис форумот“ покрај другото говореше и за повеќегодишниот проблем со името и разочарувањето на граѓаните кога по потпишувањето на Преспанскиот договор земјава не доби датум за преговори.

Црвенковски потсети дека 10 години пред потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, ЕУ и давала препораки на Македонија, дека земјата не може да ги започне преговорите сѐ додека не се реши спорот со Грција.

– Тогаш беше направен горчлив и тежок компромис и кога тоа се случи, настана горчлив шок – изјави Црвенковски.

Тој посочи дека ова предизвика големо разочарување кај граѓаните, што го поткопа кредибилитетот на властите и е причината што наскоро во Северна Македонија ќе се одржат предвремени избори.

– Се испостави дека ЕУ не држи до својот збор и не ги исполнува своите ветувања – рече Црвенковски.

Тој додаде дека тоа испраќа лош сигнал за решавање на други отворени и тешки прашања како што е односот меѓу Белград и Приштина, но и структурата на власта во БиХ.

Црвенковски рече и дека сега се говори оти ЕУ е нефункционална во донесувањето одлуки и дека проширувањето сето ова само би го искомплицирало.

– Без оглед на ставот на ЕУ, што ќе одлучи, дали местото на Западен Балкан е во ЕУ, ние мора да продолжиме со реформите и да го продолжиме европскиот курс за доброто на граѓаните и нивната иднина – оцени Црвенковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...