Фон дер Лајен: Со новата методологија е испратена добра порака до Западен Балкан

Претседателката на Европската комисија додаде дека проширувањето на ЕУ е „вин-вин“ ситуација.

217
Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека со усвојувањето на новата методологија на процесот на пристапување во ЕУ е испратена добра порака до Западен Балкан.

„Добра порака за нашите пријатели на Западен Балкан за процесот на проширување на ЕУ. Денес Европската комисија предлага веродостоен и динамичен план што ќе го постави патот за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија“, напиша претседателката на ЕК на својот Твитер профил.

Таа додаде дека проширувањето на ЕУ е „вин-вин“ ситуација.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Брисел ја презентираше новата преговарачка методологија за земјите кандидати пред новинарите и пред европратениците. 

– Сакаме да ја вратиме кредибилноста на ЕУ перспективата за западниот Балкан, врвен приоритет е да имаме стабилност, мир и просперитет во регионот – рече еврокомесарот Вархеји. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...