Филипче: 13 загинати во тешката сообраќајна несреќа кај Карпалак

1117

13 лица се загинати во тешката сообраќајна несреќа, потврди министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите.

Седум починале на лице место, пет во градската болница „8-ми Септември“.

Има и повредена бремена патничка. Повикани се сите медицински екипи во „8-ми Септември“. Меѓу повредените има и возрасни и млади, но не и деца.

– Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба – истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

Очевидците велат дека ситуацијата е страотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население пружало помош на настраданите.

Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци во која се преврте автобус.

На месото несреќата има десетина амбулантни возила и теренот се расчистува.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...