Унгарци ставени во карантин на брод во Мексико

Во моментов, 12 Унгарци се во карантин во пет различни земји, а кај еден е откриено присуство на новиот коронавирус. Петмина унгарски државјани се задржани во Шпанија, тројца во Јапонија, двајца во Кина и по еден во Италија и Германија.

88

Помеѓу 30 и 40 унгарски државјани се ставени во карантин на туристички брод во Мексико под сомнение дека се носители на коронавирус, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на денешната прес-конференција.

Унгарските власти се во директен контакт со две семејства, кои се задржани во Мексико.
Сијарто изјави дека двајца патници на туристички брод пријавиле симптоми на грип, но утврдено е дека не станува збор за коронавирус.

Околу 6.000 патници се качиле на мексиканскиот брод „Меравиjа“, а медицинскиот персонал спроведува тестови за Ковид-19, рече министерот Сијарто.

Во моментов, 12 Унгарци се во карантин во пет различни земји, а кај еден е откриено присуство на новиот коронавирус. Петмина унгарски државјани се задржани во Шпанија, тројца во Јапонија, двајца во Кина и по еден во Италија и Германија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...