Доналд Трамп од Ратево и вети на Македонија поддршка за ЕУ и НАТО. Токму маската која го претставува американскиот претседател е една од атракциите на карневалот кој се одржува денеска во беровското село, Ратево.
Се очекува претставување голем број маски од земјава и странство. Меѓу посетителите на карлевалот е и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Весело е во селото, а при влез во него, неизбежно е секој посетител да биде исцрнет по лицето.
Во Ратево е и џоломарската група од кавадаречкото Сопот.
– Со кожувчиња, бради, исцрнети лица со саѓи, клопотарци и стапови ќе направиме толкава врева што ќе ги избркаме лошите духови и ќе направиме место за здравјето, среќата и добрината – рекоа џоломарите за Плусинфо.
Се очекуваат над 300 маскирани лица и околу 2.000 посетители. За најдобрите маски следуваат и награди.