Поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски во моментов очекувада биде повикан на распит во Кривичниот суд, говорат неофицијални информации на Плусинфо.
Јакимовски се наоѓаше во кривичниот суд на рочиште за предметот „Таргет- Тврдина“ а, кога истото заврши, нешто по 16 часот, тој е задржан во судот.
Од Обвинителството ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата дека бараат негов распит за ново кривично дело. Од таму не соопштуваат дали и каква мерка ќе се бара за Јакимовски.
Неофицијално, станува збор за нова финансиска истрага, која се однесува на проневера на пари во тајната полиција.