Бојица Ѓуровиќ, таткото на убиецот на студентот Милош, вели дека неговиот син со десетки го завршил факултетот и оти да се сретнеле на друго место со убиениот, верува оти би биле пријатели, пренесува „Курир.рс“.
Според неговите зборови, во петокот му се јавил директорот на фирмата во која убиецот работел, му кажал дека неговиот син чудно се однесува и дека сака да даде отказ.
– Беше активен на социјалните мрежи и често бурно реагираше на неправда и навреди. Знаеше по цела ноќ да не спие. Така било и таа ноќ, но што правел на таа улица, не знам. И тој имал посекотина на раката и по злосторството отишол кај својата тетка во Миријево. Тој рекол дека се исекол на мразот – рекол таткото.
Истата ноќ, неговиот син се вратил во станот, а полицијата го уапсила.
– Мојот син никогаш не беше агресивен, секогаш им помагаше на другите. Последните десет дена чудно се однесуваше. Можеби почнал да зема некоја дрога. Последен пат се видовме во петокот на негово барање. Ми прати порака дека има некој проблем. Рече дека му е тешко, дека му е досадно во Пожаревац и оти сака да се пресели во Белград, во станот во кој живееше додека студираше. Во последно време одеше таму само за викенд. Мислевме дека можеби има девојка – изјавил таткото.
Тој додал дека на неговото семејство му е жал за блиските на убиениот Милош.
– Бев нервозен и лут, цела ноќ не спиев. Висев на Фејсбук, Твитер и останатите социјални мрежи и сфатив дека мојот живот е безвреден. Затоа одлучив да убијам некого. Излегов на улица и го избодев првиот кој случајно се најде таму во тој момент – кажал уапсениот во полиција.
Милош се враќал од домот на својата девојка, кога бил нападнат со нож.
Криците на Милош по нападот, ги слушнала целата зграда.
– Тој беше многу фин и воспитан. Живееше со цимер на првиот кат и имавме впечаток дека се пристојни млади луѓе – изјавиле соседите за медиумот.
Таткото на Милош бил хирург, а неговата мајка стоматолог. Неговата сестра студирала во Белград.
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс (убиениот Милош)