СЈО не му ја разниша фотелјата на Бујар Османи

Засега не се ниша вицепремиерската фотелја на Бујар Османи, иако СЈО денеска отвори истрага под кодно име „Пациент“, во која тој со уште 14 лица како министер за здравство во Владата на Никола Груевски е осомничен дека преку јавни набавки го оштетил Буџетот за 500.000 евра, брифира за Плусинфо висок функционер во Владата. 

2232

– За Бујар Османи СЈО отвори истрага и не станува збор за пресуда. Никој не е виновен додека не му се докаже вина со правосилна судска пресуда – вели функционерот за Плусинфо.

Ова значи дека Османи и натаму ќе биде на чело на тимот кој ќе ги води преговорите на земјава за членство во ЕУ. Османи воедно е и еден од предлагачите на уставните измени кои денеска и официјално влегоа во собраниска процедура.

И покрај обидите, не успеавме да добиеме став од Османи, дали тој ќе си поднесе оставка во Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...