Стевчо Јакимовски спроведен во судот

1453

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски пред неколку минути беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје пред судија на претходна постапка.

Петнаесетина минути претходно во судот беа спроведени и четворица соработници кои се осомничени со него.

Сите добија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања. Поради соизвршителство од неговите соработници осомничени се М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство.

Злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, според Финансиската полиција, Јакимовски и неговите соработници им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари, со што го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари (околу 595.000 евра).

Повеќе за кривичната пријава прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...