Операција за спасување на пет македонски граѓани сноубордери и скијачи се одвива вечерва на планината Пирин, во Бугарија, објави БГНес.
Петмината Македонци скијале надвор од назначените локации и паднале во провалија. Спасувањето се врши на страната на Даминишка долина.
Сигналот за тревога е издаден од Горната служба за спасување во Банско. Од осум часот десет спасители ја извршуваат акцијата за спасување на луѓето во планините.
Македонските граѓани се во добра состојба, тие се локализирни и не се во опасност, уверуваат спасителите.
Во петокот лавината околу Банско ги зема животите на двајца сноубордисти. Лавината паднала на врвот Тодорка.