
Техничкиот премиер Оливер Спасовски за четврток планира лидерска средба за ситуацијата со коронавирусот, потврди за Плусинфо Спасовски, но одби да даде детали за состанокот и рече дека медиумите дополнително ќе бидат информирани.
Засега нема информации кои од лидерите на партиите ќе присуствуваат на состанокот.
Спасовски не прецизира ни дали на средбата ќе стане збор и за претсојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април во контекст на предизборните кампањи и одлуката на владата да се забранат јавни собири над 1.000 лица и за евентуално одложување на изборите.
Од партиите со кои Плусинфо стапи во контакт, само од ДУИ ни потврдија дека имаат информација за лидерската, но и од таму не сакаа да говорат дали тема на состанокот ќе бидат и изборите.