Состојба со Ковид-19: Во Италија е страшно, нема кревети, секој респиратор вреди злато

886

Според последните податоци, во светот има 114.567 регистрирани случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 4.028 луѓе починале, а 64.270 оздравеле.

– Филипините потврдија 15 нови случаи, со што вкупната бројка достигна 35 заразени.

– Малта ги прекина сите патнички линии со Италија.

– Состојбата со коронавирусот може да го загрози опстанокот на „Кореан ер“, се вели во писмо испратено до вработените. Авиокомпанијата е сериозно погодена од ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот и нејзиниот меѓународен капацитет е намален за дури 80 проценти.

– Молдавија забрани влез во земјата за сите странци кои доаѓаат со авион од секоја земја каде има потврден случај на Ковид-19.

– Австралиската авиокомпанија „Квантас“ намалува речиси една четвртина од летовите поради кризата со коронавирусот, а шефот на авиокомпанијата изјави дека ќе престане да прима плата, а на менаџментот платата ќе му биде намалена за 30 проценти.

– Италијански лекар за ситуацијата во Италија: Страшно е. Нема кревети, секој респиратор вреди злато.

– Во северниот дел на Кипар е регистриран првиот случај на коронавирусот.

– Педесет лица во Јужна Кореја се заразија со коронавирусот во една канцеларија во Сеул.

– Виетнам потврди уште еден пациент, со што вкупниот број се зголеми на 32.

– Во Авганистан се потврдени пет нови случаи.

– Индија затвори дел од границата со Мијанмар поради страв од ширење на Ковид-19.

– Зголемен бројот на заразени во Шпанија, најмалку 29 починати.

– Австрија потврди 131 случај на зараза.

– Во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, се затвораат последните импровизирани болници изградени за лекување на пациенти заразени од коронавирусот. Ова се должи на стабилизацијата во овој град и воопшто во Кина каде има сѐ помалку нови случаи на новозаразени.

– Повеќе од 80 училишта во Грција, со одлука на Министерството за образование, од денеска се затворени. Затворени се училишта во Атина, Солун, Лерин, на островите Лезбос и Евија, а паралелно, и понатаму се затворени сите училишта во регионите Илиас, Ахаиа и Закинтос, каде што од минатата седмица, во сила се вонредните владини превентивни мерки. Рано утрово, бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, откако беа потврдени пет нови случаи на коронавирусот.

– Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Словенија се зголеми на 25, откако докторите потврдија уште два нови случаи. Една од новозаразените е медицинско лице кое работи во Универзитетската клиничка болница во Љубљана. Во превентивен карантин се ставени и другите вработени кои имале непосреден контакт со неа.

– Во американската држава Вашингтон се забележани досега невидени случаи – луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со новиот коронавирус. Во болницата Центер Лајф Кер (Center Life Care) во Киркланд дури 15 пациенти починале од Ковид-19 за само неколку часа и без видливи симптоми на болеста. Десетици вработени се заразени, додека 55 пациенти чекаат тестирање. Болницата нема доволно тестови, а бројот на заразени лица е во постојан пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...