Чавушоглу: Денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни

Шефот на турската дипломатија се осврна и на односите меѓу Турција и Европската Унија.

47

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се поинакви, и додаде дека Европа не дава поддршка во врска со мигрантите што доаѓаат од Идлиб, јави агенцијата Анадолија.

Во гостување на Уредничкиот деск на Анадолија, Чавушоглу се осврна на повеќе актуелни теми, меѓу другото и на Идлиб, ЕУ и мигрантите.

Шефот на турската дипломатија се осврна и на односите меѓу Турција и Европската Унија.

– Поминавме во нова фаза во врска со дијалогот, но треба да се преземат чекори за односите вистински да се реализираат, рече Чавушоглу.

Осврнувајќи се на миграцијата од Идлиб, тој укажа на тоа дека не е дадена поддршка од Европа во врска мигрантите.

– Од една страна велите да нема миграција (од Идлиб), а од друга страна (од Европа) не давате поддршка за овие луѓе да живеат тука, изјави Чавушоглу.

Според него, „денешните услови во споредба со потребите на мигрантите во 2016 година се различни“. Тој додаде дека со ЕУ ќе се разговара за тоа што може да се направи во рамки на новите услови.

– Границите на Европа не почнуваат од границата меѓу Турција и Грција. Границите на Европа почнуваат од јужната и источната граница на Турција, истакна за Анадолија турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...