Сопственик на интернет портал и неговата сопруга заработија пријави од полицијата откако ноќта од 16 кон 17 јануари, во полициска станица одделно пријавиле дека се жртви на семејно насилство.
Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож околу 23 часот, три часа подоцна, околу 02 часот по полноќ се јавила неговата 25-годишна сопруга М.Л.И., која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.
Насилството се случило во нивниот семеен дом во Скопје, а очевидец било нивното малолетно дете.