Смолет во болница, го давеле и извикувале хомофобични и расистички зборови

329
ФОТО: Инстаграм

Актерот Jуси Смолет завршил во болница откако бил жртва на напад во Чикаго, пренесува „Космополитан“.

Тој бил претепан од страна на две лица кои извикувале хомофобични и расистички зборови. Тие му фрлиле непозната хемијска супстанца и заврзале јаже околку неговиот врат.

Според „ТМЗ“, тие извикале и „Ова е МАГА земја“, а можно е ова да е поврзано со белешка која стигнала во студиото на Фокс пред осум дена, која била упатена до актерот и на неа пишувало „ти ќе умреш“, со додавање на зборови со хомофобична и расистичка содржина.

Наводно, Смолет сега е во стабилна состојба.

Откако вестите излегоа во јавноста, голем број познати личности се огласија на социјалните мрежи за да му дадат поддршка на актерот од „Empire“ и да го осудат тоа што му било сторено.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...