Сите во депресија, сите изигруваат емотивци

Средете си ги главите и веслајте напред, ионака нѐ чека најмалку уште една деценија тешки и уште болни реформи.

3394

Треба и од власта и од опозицијата да олабават со тезата: го сменивме името за датум.
Такво просто изедначување не прави никому услуга, ниту на квазипатриотите, ниту на квазиевропејците.

Името го сменивме за да создадеме предуслови за напредок и нормализација со соседите, решивме горко прашање кое доколку не го надминавме, немаше воопшто ни да зборуваме за датум или за каков било напредок кон ЕУ.

Е сега, тоа што еден куп други работи не се направија, или се направија лошо, што мислевме дека решавањето на спорови е доволно само по себе, тоа е друга стратешка грешка за која верувам во иднина ќе имаме време да си ја чукнеме главата.

Важно сите се паднати во депресија, сите изигруваат емотивци, особено оние кои се во политика и кои немаат право на таков луксуз и несериозност.

Средете си ги главите и веслајте напред, ионака нѐ чека најмалку уште една деценија тешки и уште болни реформи.

(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...