Силјановска, Дурловски, Николовски носители на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

1512

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди носителите и кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април. Меѓу носителите на листите не е лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој претходно најави дека ќе биде шпицен кандидат за мандатар.

Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица е професорката и кандидат за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова. „Двојката“ ќе ја предводи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во третата изборна единица носител е генералниот секретар Игор Јанушев.

Носител во „четворката“ е потпретседателот на партијата, Александар Николовски.

„Петката“ ќе ја предводи оперскиот пеач Игор Дурловски.

Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во Шестата изборната единица.

По Силјановска, втор во „единицата“ е Тимчо Мицунски, потоа докторот Синиша Стојановски, Бети Стаменковска Трајковска….

Во „двојката“ по Мисајловски е Рашела Мизрахи.

Во Петата изборна единица по Дурловски на листата е Антонио Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...