Силниот ветер го откорнал покривот на ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село

402

Синоќешниот силен ветер откорнат дел од покривот на ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров, објави Скопје Инфо. Како што е наведено во текстот, одлучено било денешната наставата да не се одржи, а учениците од прва смена биле вратени дома.

– Утрово го однесов детето вообичаено во училиштето, а на вратата стоеше една од наставничките која сите ги информираше дека настава нема да се одвива сè додека не се поправи штетата направена од силниот ветар. Во училиштето нема ниту парно, а ни струја – изјавил родител.

Засега нема официјална информација кога ќе се санира штетата и дали утре објектот ќе биде оспособен за работа, а како што дознава Плусинфо, во моментов во училиштето е присутна и полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...