Се затвораат сите градинки, училишта и универзитети во Грција

Министерот за здравство на Грција додаде дека се предвидени и мерки за вработените родители на учениците како и за бизнисите погодени од коронавирусот.

131

Во следните 14 дена се затвораат сите образовни институции во Грција, превентивно, за да се намали ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, попладнево соопшти дека се одложува работата на сите приватни и државни градинки, училишта, универзитети.

– Сите треба да покажеме индивидуална одговорност, а во конкретниот случај, родителите да ги ограничат децата, бидејќи мерката се однесува на намалување на ширењето на вирусот. Сега е момент кога сите Грци треба да покажеме одговорност – рече Кикиљас.

Министерот за здравство на Грција додаде дека се предвидени и мерки за вработените родители на учениците како и за бизнисите погодени од коронавирусот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој вечерва се враќа од Австрија, во текот на утрешниот ден ќе излезе со соопштение за мерките за избегнување на дополнително ширење на вирусот, за заштита на јавното здравје и за справување со економските последици.

Во Грција потврдени се вкупно 89 случаи на заразени со Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...