Села: Да не беше мојата потпретседателка, лидерската ќе беше собир на клуб на мажи

3176
Фото: МИА

Ние го подобривме имиџот на овој состанок со тоа што бев со потпретседателката инаку ова ќе беше само собир на клуб на мажи, се пошегува лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по вечерашната лидерска средба во претседателската Вила Водно. Тој беше придружуван од потпретседателката на партијата, Бујаре Абази.

Тој повтори дека на 12 април се договорени предвремени парламентарни избори и додаде дека неговата партија била спремна и за други датуми.

– Но, 12 април е добар датум со тоа што очекуваме да се ратификува членството на Македонија во НАТО и ја искористувам можноста на граѓаните кои живеат во агонизам дека 12 април е можност да се врати демократијата посебно кај албанските граѓани и на 12 април да ја вратиме надежта кај младите кои бегаат немајќи несигурност во образованието, здравството итн – рече Села.

Тој смета дека изборите не се пречка за тоа да се одржи попис бидејќи тој претставува технички процес, но посочи дека попишувачите треба да бидат што е можно помалку политизирани.

– Нема никаква причина пописот да се одржи и во кампања и после избори – рече Села.

Фото: МИА

ИЗЈАВИ НА ДРУГИТЕ ЛИДЕРИ ПО СРЕДБАТА:

Заев: Одиме на избори на 12 април 2020 (ВИДЕО)

Мицкоски по изборите ќе бара одговорност од обвинители и судии за „Рекет“ и ќе носи закон за имот на политичари (ВИДЕО)

Ахмети: Најважно е изборите да се демократски, да се испочитува датумот и потоа да зборуваме за попис

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Тачи: На Македонија ѝ се потребни фер и демократски избори

Гаши: На 12 април ќе изгрее ново сонце особено кај Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...