СДСМ до Ѓорчев: 1 мај е, а не 1 април да се шегуваш дека Мицкоски ќе предводел Влада

443

ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Ѓорчев, го промашиле празникот, денеска е 1 мај Меѓународниот ден на трудот, не е 1 април, Денот на шегата, за да излегуваат на прес конференции и да се шегуваат дека Христијан Мицкоски ќе ја предводел Владата, реагираат од СДСМ на изјавата на пратеникот дека владата на Мицкоски во првите сто дена ќе ја укине дополнителната акцизата за горивата.

– ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Сиљановска наместо да се залажуват со нереални пресови, нека се подготват за убедлив пораз веќе во недела на 5 мај кога граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна матрица на поделби, криминал и изолација – велат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...