СДСМ го бојкотира Џафери

3447

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски денеска не се појавила на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, а пратеничката група на СДСМ одбила да оди на двете пленарни седници закажани за денеска во знак на револт оти Џафери го проби рокот и не го стави на гласање одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, брифираат од владеачката партија.

Џафери денеска молчи, а Собранието само соопшти дека се одложени двете пленарни седници.

– Ова не е прашање на Собранието, туку на Судот. Собранието требаше во рок од три дена да се изјасни за барањето за притвор на Вељановски. Но Џафери не го стави на гласање барањето да се одземе имунитетот на Вељановски. Во 00.01 часот е нов ден. Џафери со злоупотреба на Деловникот не воведе во нов ден. Секое гласање во новиот ден е верификување на одлука која може да биде оспорена пред Уставниот суд. Пратениците на СДСМ денеска нема да одат на седници. Не сакаме да бидеме алиби за нормалност, дека ова што се случи синоќа е договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – брифираат од владеачката СДСМ.

Од таму велат дека денеска ќе ги сумираат постапките од вчерашните случувања.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...