СДСМ без објаснување зошто обвинетата од СЈО Билјана Бришковска им ги пишува реформските закони

1765

Поранешната заменичка за правда од ВМРО ДПМНЕ, Билјана Бришковска Бошковски е член на работната група формирана од Министерството за правда која работи на измени во кривичното законодавство, на законот за крибична постапка (ЗКП) и на Кривичниот законик (КЗ), пишува Сведок.

СДСМ ја поствиле во Комисијата , иако против Билјана Бришковска Бошковски, како и против нејзиниот сопруг, СЈО има покренато 3 обвиненија и ги товари , неа за изборни измами во предметот „Титаник“ во кој е обвинето и целото раководство на ВМРО ДПМНЕ, а нејзиниот соруг Дејан Бошковски е обвинет за набавки и тендери додека бил директор во ЕЛЕМ, пишува Сведок.

Според Сведок, СДСМ нема одговор зошто е Бришковска во работната група, а на прашањето, кој и по каков критериум ги избирал членовите во работните групи за измена на КЗ и ЗКП, креваат раменици и актуелните членови, кои, велат и нив им било несфатливо што ја гледаат Бришковска во групата, но немало кој да им даде одговор.

Претходно, СДСМ преговараше со ВМРО ДПМНЕ преку работни групи во кои беа Михајло Маневски и Билјана Бришковска Бошковски и во мали групи ги пеглаа разликите во законите, но откако излегоа тие информации во јавност, и по доаѓањето на Кристијан Мицкоски на чело на ВМРО ДПМНЕ, како членови од ВМРО ДПМНЕ во комисијата се Бришковска и Костадин Богданов, екс владин агент пред судот во Стразбур, „реформатор“ во ВМРО ДПМНЕ и од неодамна член на Извршниот комитет на опозициската партија, пишува Сведок.

Инаку, Бришковска важеше за неформален министер за правда во времето на ВМРО ДПМНЕ. Во телефонските разговори од бомбите што ги објави Заев, таа во неколку наврати разговара со Гордана Јанкуловска и Никола Груевски за многу суптилни теми, пред сѐ околу изборните измами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...