Сведок: На Груевски не му беше важно во каков автомобил се вози

1695

Не сум управувал, но сум имал контакт со блиндираниот автомобил. Сум бил напред или позади во тоа возило. Конкретното старото возило имаше многу дефекти, најголем проблем имаше на угорниците, моторот прегреваше и се гасеше. ВИП личноста односно Груевски сме го ваделе и пренесувале во друго возило. Имаше проблеми и со мењачот. Исто така и гумите дишеа. Ќе запраневме на пат и пак се менувавме. ВИП личноста ја стававме во неблендирано што за обезбедубањето е проблем. Во многу случаи ќе тргнеме од една точка со блиндирано возило, а ќе приатигнеме со друго неблиндорано, рече сведок Боби П. кој исто како и претходните сведоци на денешното рочиште во „Тенк“ бил дел од обезбедувањето на Никола Груевски.

Тој рече дека на Груевски ме му било важно во какво возило ќе се вози, но тие како обезбедување инсистирале да се вози во блиндирано бидејќи во спротивно е проблем за безбедноста.

Сведокот посочи дека новиот мерцедес го користеле и делегации. Прв во него седнал Бан Ки-мун, се возела и катарската делегација, српскиот претседател Томислав Николиќ и други.

Инаку и овој и повеќе други сведоци предложени од Груевски и неговите адвокати посочија дека споррд нивните сознанија стариот блиндиран мерцедес во моментов не се користи.

– Имам чуено дека не е повеќе во употреба, стои во гаража и не е економски исплатливо да се поправа – рече членот на обезбедувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...