Како обвинител можам да кажам дека е вложен многу труд и работа во овој предмет. Но, ни како граѓанин не сум задоволна од законот што е донесен, мислам воопшто од каков и да е закон за амнестија, рече обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите.
Таа посочи дека преквалификација на делото нема да има и нагласи дека амнестијата, според донесениот закон, не важи за целото дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Како ќе стигнуваат барањата за амнестија така и поединечно ќе се одлучува за нив, рече обвинителката која нагласи и дека е добро што судот ќе носи решение, по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.
– Добро е што е така затоа што е многу подобро отколку да формираа комисија во Собрание и тие да одредуваа за кого важи амнестијата – вели Русковска.
Таа потенцира дека сите докази кои биле предложени и од одбраната и од обвинителството ќе се земат предвид.
– Не можам да речам никој да не биде амнестиран зошто тоа ќе биде спротивно на Законот кој го донесоа. Ако не го почитувам законот правам кривично дело – посочи обвинителката прашана што ќе се случи ако таа рече дека не треба да има амнестија за никој.
При давањето на мислења за барањата за амнестија и какво ќе биде тоа, како и за тоа дали некој ќе се гони за здружување заради непријателско дејствување, Рускоска рече дека ќе се консултира и со јавниот обвинител на Република Македонија.
Делото здружување заради непријателско дејствување, за кое нема амнестија, Рускоска смета дека тоа се однесува на организаторите.
– Може евентуално некој дополнително да биде обвинет за тоа дело – вели Русковска.
Дали некој ќе биде обвинет дополнително таа немаше конкретен одговор. Посочи дека за тоа се уште води предиграта.
Повеќе од денешното рочиште:
Пратеникот Арнаудов: Изјава давам за 50 евра
Игор Југ разлутен им се обрати на пратениците