Заврши расправата за првиот од предложените амандмани за промена на Уставотот. Членовите на Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“ и 5 „против“ го изгласаа амандманот 33.
Овој амандман гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
Во продолжение на комисиската седница, премиерот Зоран Заев зема збор за да го образложи следниот, 34-ти, амандман за кого сега ќе се расправа.
Инаку, расправата предвидена за еден амандман може да трае најмногу три дена.
Комисијата за уставни прашања вчера ги започна седниците за амандманите.
Повеќе од аманманската расправа во Собранието:
Димков: Нѐ фати еврејската клетва
Мицевски: Ја укинуваме Република Македонија, Северна е нова творевина
Заев: АСНОМ не се брише, името ќе биде Република Северна Македонија
Мицевски: Заев и Џафери сакаат низ мала врата да ги протнат уставните измени