Почина уште еден од застреланите на Рузвелтова

На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

2807
20151109 Monday 1141 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica

Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.

Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.

– И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите – изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.

Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.

На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...