Почина славната Лолита: На 14 години станала ѕвезда

Таа улога на Сју ѝ донела огромна слава, кога „преку ноќ“ станала ѕвезда и ја добила наградата Златен глобус за најдобра млада надеж.

1825

Холивудската глумица Сју Лајон, најпозната по улогата на Лолита во истоимениот филм на режисерот Стенли Кјубрик, адаптацијата на романот на Владимир Набоков, почина на 74-годишна возраст во Лос Анџелес.

Сју имала 14 години кога се појавила на кастингот за улогата на Лолита. Оваа улога ја добила иако на аудицијата имало околу 800 млади актерки. Но, со својата појава, таа го воодушевила режисерот.

Таа улога на Сју ѝ донела огромна слава, кога „преку ноќ“ станала ѕвезда и ја добила наградата Златен глобус за најдобра млада надеж.

Играла уште во дваесетина филмови пред да ја прекине кариерата во 1980 година.
Нејзината последна улога била во филмот „Алигатор“.

Била во брак пет пати. По венчавката со Ричард Рудман, се преселила во Лос Анџелес, каде живеела далеку од очите на јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...