Помеѓу паранојата и лагата

На интернет уште немаме механизам за секој реален човек да биде констатиран, а не засткриен како партиски бот. И мрежата е јавна, но за многумина е скривница од која како криминалци, зад кукавичкото алиби на анонимноста, злосторнички ќе удараат од зад грб. 

899

Помеѓу паранојата и лагата бегалски кампови и очигледната лага дека законот е ист за сите, нема голема разлика. Напротив, ова второто е можеби и пострашно затоа што е аспирација која секојдневно е разочарана, додека првото е нереализиран страв, кој веќе слабо лепи.

И овие две лажни концепции за Македонија не се кажани од тролови, туку од лица во опозиција и од самиот премиер. Дисторзирани какви што се, и како констатации или лажни претстави за реалноста, потоа добиваат уште поголеми димензии во форма на лажни вести, лажна атмосфера на параноја или успех и поддршка. Ама суштински и двете лаги се дел од истото труење и фалсификување на реалните состојби. Тие се политичките кеневи од кои потоа се труе изворот на зборовите и мислите кои сите ги пиеме од овој аквадукт на јавната мисла.

И не е метафора дека ваквите неодговорни тврдења се труење. Вистинско труење сo кое создава жртви или ги занемарува жртвите, ги минимизира проблемите, труење кое го оптоварува јавниот поглед на нештата, ја фалсификува реалноста, го уништува соживотот.

Е сега доаѓаме до троловите кои ова го шират и појачуваат, иако поголемата одговорност веќе ја лоциравме.

На интернет уште немаме механизам за секој реален човек да биде констатиран, а не засткриен како партиски бот. И мрежата е јавна, но за многумина е скривница од која како криминалци, зад кукавичкото алиби на анонимноста, злосторнички ќе удараат од зад грб.

Има еден лек, да знаете дека овие луѓе што пласираат вакви ставови во прво време се преваранти, и тоа да им го кажете, дека се лажни. Додека за имбецилите кои потоа ги шеруваат и твитаат истите ботовски срања, дека веќе плаќаат огромен цех, цената да живеат и мислат како имбецили.

 

(статус на Фејсбук)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...