Патникот од Италија примен на Инфективната клиника нема коронавирус

135
20150131 Saturday 1446 infektivna klinika

Лицето кое ноќеска беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на Kлиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно утврдениот протокол.

Од Здравство велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...